Новиот „Сеат Леон Спорт Купе“ претставен во Женева

Од:

На женевскиот авто-салон „Сеат“ ја представи купе верзијата на новиот „Леон“. Освен еден чифт врати помалку, и разликата во дизајнот на каросеријата, „Спорт Купе“ има и пократко меѓуосовинско растојание во однос на стандардниот хечбек со 5 врати.

Како повеќето слични модели „Леон Спорт Купе“ од маската на ладилникот до столбовите изгледа идентично со верзијата со пет врати. Потоа автомобилорт го менува карактерот – централните носачи на кровот се тргнати поназад, а вратите на возачот и совозачот се пошироки отколку кај хечбекот.

Силуетата на задниот дел од автомобилот дополнително е накосена, а меѓуосовинското растојание е скратено за 35 милиметри.

Автомобилот е долг 4,23 метри, а капацитетот на багажникот е ист како кај регуларниот модел со пет врати и изнесува 380 литри.

-Сакавме купе верзијата да добие посебен карактер и подинамичен изглед, а за тоа не беше доволно само да ги отстраниме задните врати, ја објаснува трансформацијата од хечбек во купе шефот на дизајнерското одделение на „Сеат“, Алехандро Месонеро-Романос.

Ентериерот на автомобилот е ист како и кај стандардниот хечбек, што премиерата ја имаше на Саемот на автомобили во Париз во 2012 година. Што се однесува до моторите, во понудата ќе се најдат турбо-бензински и дизел единици со директно вбризгување. Најслабата бензинска варијанта ја придвижува 1.2-литарски ТСИ мотор со 105 КС, а по него следат 1.4-литарски ТСИ со 140 и 1.8-литарски ТСИ со 180 КС.

„Сеат“ планира на овие модели подоцна да им се придружат и две верзии со високи перформанси, „Купра“ и „Купра Р“.

„Сеат“ соопшти дека новиот „Леон Спорт Купе“ во продажба ќе се појави во јули 2013 година, а ќе се произведува во фабриката на „Сеат“ во  Барселона.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска