Новиот Рено Меган пристигнува во септември годинава

Од:

Француската компанија „Рено“ потврди дека новата генерација „Меган“ ќе биде премиерно претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Потпретседателот за дизајн во Рено Лоренс Ван Ден Акер, за време на премиерата на моделот КВИД откри дека новиот Меган светската премиера ќе ја има годинава во втората недела на септември.

Новиот Меган ќе дебитира на Саемот во Франкфурт. Моделот е дел од исклучително компетитивен сегмент, каде ќе се спротивстави на Голф, Пежо 308 и други модели, истакна тој.

Моделот е поставен на СМФ платформата, која се наоѓа на Нисан Пулсар, а компанијата наведува дека станува збор за целосно нов дизајн базиран на актуелното Клио.

– Меган ќе биде многу сензуално, впечатливо и атрактивно спортско возило со сите нови технологии, изјави Ван Дер Акер.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска