Неколку недели по претставувувањето во Франкфурт, Опел Виваро Турер, како и новиот минибус за девет патници, Виваро Комби Плус, е достапен на пазарот. Промотивната цена изнесува 22.320 евра, вклучувајќи го и данокот.
Овие модели имаат опрема и комфор типични за патничките автомобили. Посебна погодност е опцискиот Нави 80 Интели-Линк, со следење на сообраќајот во реално време, а компатибилен со Андроид Ауто системот.
Виваро Турер е наменет за оние коишто возилото го користат како „подвижна канцеларија“. За деловните потреби и разговори во четири очи, просто ротирајте ги седиштата за 180 степени. Стандардната цена за ова возило ќе изнесува 28.900 евра.
Стандардната опрема вклучува внатрешно ЛЕД осветлување, два УСБ приклучока за лаптоп и други мобилни уреди и автоматски клима уред.
Виваро Комби Плус е комфорен патнички и семеен минибус за девет луѓе. Стандардната цена изнесува 23.510 евра.