Новиот „Нисан Леаф“ ќе минува 250 километри со едно полнење на батериите

Од:

„Нисан“ ја претстави унапредената верзија на електричниот модел „Леаф“, а најважните промени се однесуваат на автономијата во возењето, која сега е зголемена за 25 отсто.

Една од најголемите забелешки на купувачите на овој автомобил се однесуваше на малата автономија во возењето со едно полнење на батериите.

„Нисан“ направи значаен исчекор на ова поле, па благодарение на новите погонски батерии од 30 кWh „Леаф“ сега може да измине 250 километри, пред да остане без електрична енергија.

Тоа е за четвртина подобар резултат од претходно.

Новите батерии ќе бидат достапни во рамки на пакетите за моделите „Ацент“ и „Текна“.

Производителот тврди дека тие се со истите димензии како и старите од 24 кWh (автономијата не е зголемена на сметка на корисниот простор во возилото), но се потешки за 21 килограм.

„Нисан“ соопштува дека перформансите на батериите се унапредени благодарение на употребата на нови материали од кои се изработени електродите, но и со промената во дизајнот на самите батерии.

Новите батерии се покриени со гаранција од осум години или 160.000 изминати километри.

Како и до сега, сопствениицте на најпродаваниот електромобил во светот ќе можат своето возило да го дополнат на домашните или јавните штекери, како и со помош на брзи, трофазни полначи на 400 V (таму каде тие постојат).

Покрај новите батерии, „Леаф“ за 2016 година доби  и нов мултимедијален систем, „NissanConnect EV“.

Системот е опремен со екран чувствителен на допир со дијагонала од седум инчи и достапен со опремата за „Ацент“ и „Текна“.

На корисниците на располагање им е и најновата мапа на која се прикажани локациите за полначи, како и информации за тоа кој полнач во моментот е слободен, а кој не. Освен тоа, „„NissanConnect EV“ соддржи и унапредена навигација.

Новиот „Леаф“ на улица практично нема да се  разликува од стариот (освен по новата бронзена нијанса на надворешноста која е достапна на моделот за 2016 година), со оглед на тоа дека козметички изменио речиси и да нема.

Продажбата во Европа почнува во јануари 2016 година,а потенцијалните купувачи кои не се задоволни ниту со автономијата од 250 километри ќе мора да ја сочекаат новата генерација, која најверојатно ќе пристигне во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска