По европскиот новиот Mitsubishi Eclipse Cross го освои и австралиско-азискиот тест за безбедност со максимални 5 ѕвездички
Новиот Mitsubishi Eclipse Cross, успешно го мина тестот на австралиско-азискиот независен институт за безбедност ANCAP, освојувајќи максимални 5 ѕвездички, или високи 97% од максималното рангирање на заштитата на возрасни патници, како и 80% за заштита на пешаците.
Новиот систем на Mitsubishi за предупредување на опасност од судир се покажа како врвен уред, кој при тестирањата успешно ги избегна сите тестови на судир при различни брзини на движење.
Инаку, на тестирањата за заштита на возрасните патници во возилото, новиот Mitsubishi Eclipse Cross се покажа како побезбеден и поцврст во однос на сите тестирани конкурентни возила и тоа од повисоката луксузна класа, при што кај Eclipse Cross е забележана значителна подобра заштита на патниците во возилото.
Неодамна, овие резултати за врвната цврстина на Mitsubishi Eclipse Cross ја покажа и европскиот инситут за безбедност Euro NCAP.
Новиот Eclipse Cross премиерно беше претставен на американскиот континент, на саемот за автомобили во Лос Анџелес.