Новиот Ленд Ровер Дифендер ќе се произведува во Словачка

Од:

Јагуар Ленд Ровер објави планови за изградба на нова фабрика во Словачка до 2018 година, што треба да придонесе за остварување на амбициозната цел за годишно производство на компанијата од еден милион возила, а првиот модел што ќе излезе од новата фабрика е најновата генерација на Ленд Ровер Дифендер.

Новата фабрика моменталното производство на Јагуар Ленд Ровер ќе треба да го зголеми за дополнителни 300.000 возила.

Освен во Велика Британија, компанијата има фабрики во Австрија, Бразил и Кина, а новата фабрика во Словачка има за цел остварување на амбициозниот план за производство на милион единици на годишно ниво, што е еден од основните услови на британската компанија со цел посериозна конкуренција на германските гиганти како БМВ, Ауди и Мерцедес.

– Глобалното ширење на нашето работење е клучно за долгорочен раст на компанијата. Освен нови капацитети, ни овозможува и инвестирање во развој на нови возила и технологија, како и создавање нови работни места во Велика Британија, изјави извршниот директор на Јагуар Ленд Ровер Ралф Спет за време на најавата на изградбата на новата фабрика.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска