Новиот „Електричен Голф“ на „Фолксваген“ ќе чини помалку од „Моделот 3“ на „Тесла“

Од:

Компанијата „Фолксваген“ најави дека нивното електрично возило „И.Д.“ ќе чини многу помалку од „Моделот 3“ на компанијата „Тесла“.

„Елекричниот Голф“ на пазарите ќе пристигне во 2020 година, а како што најавуваат специјализираните сајтови засега не е сигурно дали според перформансите и карактеристиките „И.Д“ и „Моделот 3„ ќе си бидат директна конкуренција.

Тоа што се знае е дека електричното возило е адутот за „долг дострел“ на „Фолксваген“, а според шефот за стратегија на групацијата, Тамас Садран, проектираната цена ќе изнесува за околу 6.000 евра помалку од онаа на „Модел 3“.

Тоа значи дека „И.Д.“ треба да чини меѓу 23 и 25.000 евра ако се знае дека „соголената“ освновна верзија на „Моделот 3“ е малку над 30.000 евра.

Вреди, меѓутоа, токму сега да се истакне дека е тешко да се каже каде и според опремата и според цената за три години ќе биде новото возило на „Тесла“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска