Новиот „БМВ Серија 8“ тестиран на патеката во Нирбургринг

Од:

Компанијата „БМВ“ во моментов развива повеќе нови модели, меѓу кои и кабриолет верзијата на новата „Серија 8“ што ќе претставува малку полуксузна замена за актуелниот „топлес“ на „Серија 6“.

Колку што е познато, новата „осумка“ во поголем дел треба да соддржи повеќе одлики на дизајн концептот претставен оваа пролет на манифестацијата „Concorso d’Eeleganza at Villa d’Este“, со тоа што кабрио верзијата ќе има класичен платнен место метален покрив.

Се претпоставува дека „БМВ“ за својот нов „Гранд турер“ подготви палета од шест и осумцилиндрични мотори што ќе ги придвижуваат моделите 825, 830, 835, 850, 845, 860 и М850, со можност најсилниот модел да добие мотор В12.

Се претпоставува дека моделот „М“, како и моделот „М купе“, најверојатно ќе биде придвижува од моторот В8 од новата „М 5“ што развива сила од 600 КС, со што кабриолетот на „Серија 8“ го става рамо до рамо до спортскиот „Мерцедес АМГ С63 Кабриолет“.

Последниот прототип со целосно скриената каросерија е снимен во текот на тестирањето на познатата тркачка патека Нирбургринг.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска