Новицки: Не размислувам да се пензионирам

Од:

Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки изјави дека не размислува за пензионирање и планира да одигра уште најмалку две сезони во НБА лигата.

– Сакам да ги одработам преостанатите две години од договорот со Далас, се надевам дека ќе играм на високо ниво. После тоа пензијата очигледно се ближи, но јас мислам дека можам да играм добра кошарка и понатаму. Ќе видиме, сакам да тренирам напорно и да давам се од себе на натпреварите, изјави Германецот.

Тој е рекордер на клубот по бројот на одиграни натпревари (1.265) и по бројот на постигнати поени (28.119), а само уште 477 поени го делат од шестото место на најдобри поентери во историјата на НБА лигата кое сега му припаѓа на Шекил О’Нил (28.596).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос