Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки, потврди дека ќе ја предводи Германија на Европското првенство.
„Ја завршив сезоната порано поради што и ќе имам можност да играм на Европското првенство. Имам идеална можност да се простам од репрезентацијата на домашен терен. Ќе се обидеме да направиме добар реузлтат“, ја пренесува Bild изјавата на Новицки.
Крилниот кошаркар оваа сеозна во дресот на Далас во просек по натпревар бележел по 17,3 поени, 5,9 скокови и 1,9 асистенции.
Новицки последен пат за Германија настапи во 2011 година на Европското првенство во Германија, тој беше член на тимот кој во 2002 година го освои бронзениот медал на Светското првенство во Индијанаполис, а во 2005 година кога Германија го освои сребрениот медал на Европското првенство во Белград беше прогласен за МВП на турнирот.
Германија е една од четирите земји кои ќе бидат домаќини на првата фаза на Европското првенство, во Б групата противници ќе и бидат Шпанија, Србија, Турција, Италија и Исланд.