Новата сезона во кошаркарска АБА лига почнува на 1 октомври и ќе се игра во формат како досегашниот, со клубови кои имаат изборено пласман, објавено е денеска на официјалниот сајт на регионалното натпреварување.
Како што е наведено, по анализата на тековната ситуација и консултации со клубовите беше констатирано дека АБА лига направи голем придонес за промовирање и подигање на квалитетот на кошарката во регионот и поради тоа, ја има поддршката на сите клубови.
Покрај стартот на сезоната 2016/17, АБА закажа и Собранието за 11 јули, во Подгорица, каде во согласност со актот за основање, ќе бидат направени промени во управувачката организацијата. Во рамките на Собранието ќе биде извршена и жрепката за новата сезона.