Германската компанија Опел на Саемот во Франкфурт 2017 година ќе ја претстави втората генерација на моделот Инсигниа, дознава магазинот „Кар“.
Наследникот на актуелниот модел ќе биде дизајниран според концептот Монза од 2013 година и ќе има линии што потсетуваат на купе-лимузина.
Новата Инсигниа ќе биде поголема од актуелната верзија, а меѓуоскиното растојание ќе се зголеми за десетина сантиметри. Благодарение на тоа просторот за нозете на задните седишта ќе биде значително зголемен.
Според извори од компанијата Инсигниа во 2017 година ќе биде достапна само во две изведби, како модел со пет врати и како караван.
Освен нов надворешен изглед, Инсигниа ќе добие и значителни стилски измени во ентериерот. Се очекува Опел да воведе дигитална инструмент табла, хед-ап дисплеј и многу други современи технолошки решенија.