Новак Ѓоковиќ во своето 5-то финале на Австралија опен

Од:

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ е вториот кој обезбеди пласман во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија (АО).

Во вториот полуфинален меч во Мелбурн, првиот носител Ѓоковиќ го елиминира минатогодишниот победник Швајцарецот Станислас Вавринка.

Во меч со пет сета, Новак Ѓоковиќ го победи и се пласираше во големото финале на Австралија опен каде што ќе игра против Енди Мареј.

Победникот беше решен во последниот пети сет, откако Србинот во два наврати имаше водство, добивајќи го првиот сет во тај-брејкот со 7:6, и третиот со 6:4, додека Швајцарецот ги доби вториот и четвртиот сет со 6:3 и 6:4.

Сепак во решавачкиот пети сет, Ѓоковиќ ја демонстрираше сета своја надмоќност и го доби без изгубен гем со 6:0.

Со оваа победа Ѓоковиќ се избори за неделното финале во кое за трофејот ќе игра против Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров