Новак Ѓоковиќ има нов тренер

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има ново лице во својот тренерски штаб пред Вимблдон.

Имено, кондицискиот тренер Далибор Сирола се приклучи на тимот, пишува Спорт Клуб.

Сирола го заменува Гебхард Фил-Грих, долгогодишен соработник на српскиот ас. Сè уште нема официјална потврда дали Фил-Грих трајно го напуштил тимот или станува збор за привремено отсуство, но јасно е дека Ѓоковиќ не сака ништо да остави на случајот пред учеството на најпрестижниот Гренд Слем.

Интересно е што, како и сегашниот физиотерапевт Клаудио Чимаља, Сирола исто така доаѓа од познатата академија на Рикардо Пјати. Со Пјати соработуваше Ѓоковиќ во раните фази од својата кариера.

За потсетување, Вимблдон официјално започнува на 30 јуни, а ждрепката е закажана за петок во 10:00 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он