Нова турнирска победа за Ѓорческа во двојки

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата успешни настапи во конкуренција на двојки. Таа попладнево заедно со Мелис Сезер од Турција победија на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари).

Тие во два сета во финалето без загубен гем (6:0 и 6:0) ги победија Николета Булатовиќ и Нина Калезиќ од Црна Гора.

За Ѓорческа ова е вкупно девети триумф во двојки оваа година, а вторпат победува со Сезер од Турција. Заедно триумфираа и на турнирот во Тарсус.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров