Со два натпревара кои ќе се играат денеска во Истанбул и Тел Авив ќе започне тридневната програма од 5.коло во кошаркарската Евролига.
Во Истанбул, Фенербахче ќе биде домаќин на Уникс Казан, додека во Тел Авив кај Макаби гостува Барселона.
На другите натпревари кои ќе се играат утре и во петок ќе се сретнат:
Бамберг – Милано,
Олимпијакос – ЦСКА Москва,
Реал Мадрид – Галатасарај (четврток);
Жалгирис – Дарушафака,
Анадолу Ефес – Панатинаикос и
Црвена ѕвезда – Басконија (петок).
Максимални четири победи досега имаат само европскиот шампион ЦСКА Москва и вицепрвакот Фенербахче, додека Реал, Олимпијакос и Панатенаикос имаат скор 3-1 (победи-порази).