Во кошаркарската Евролига во текот на оваа седмица ќе се играат натпревари во две кола. Првиот меч од третото коло ќе се одигра попладнево во Казан каде Уникс ја пречекува турската екипа Дарушафака.
На останатите натпревари вечерва ќе играат:
Анадолу Ефес – ЦСКА Москва,
Олимпијакос – Милано и
Реал Мадрид – Басконија.
Двојките за утре се:
Црвена ѕвезда – Барселона,
Фенербахче – Жалгирис,
Бамберг – Панатинаикос и
Макаби Тел Авив – Галатасарај.
Со по две победи по првите две рунди се ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Милано и Фенербахче.
Натпреварите од 4. коло ќе се играат веќе во четврток и петок (27 и 28 октомври).