Комбинираниот македонски тим на кошаркари постигна прва победа на вториот турнир од турнејата во Кина. Денеска беше совладана екипата на колеџ тимот од САД со 85:79 (24:21; 18:10; 20:23 и 23:25). Ова за избраниците на македонскиот селектор Драган Раца е трета победа во Кина над истиот ривал. Натпреварот беше решен во првиот дел, кој заврши со резултат 42:31.
Во редовите на нашиот комбиниран тим најефикасни се Тимс со 25 и Ратко Варда со 21 постигнат поен, додека Марко Дујковиќ дуелот со колеџ тимот од САД го завршил со „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 10 скока.
Следниот натпревар македонските кошаркари го играат утре против Литванија со почеток во 13 часот.