Нова победа на МЗТ Скопје во домашниот шампионат

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа и шестата победа во домашниот шампионат совладувајќи го Карпош Соколи.

Во последниот меч со кој беше комплетирано 9. коло во Првата македонска лига, шампионот МЗТ Скопје славеше победа над Карпош Соколи со 97-85.

Најефикасен кај аеродромци беше Американецот Дион Диксон со 26 постигнати поени, додека македонскиот репрезентативец Марко Симоновски постигна три помалку (23).

Со оваа победа МЗТ Скопје изби на првото место на табелата со идентичен број на бодови како и градскиот ривал Работнички, па сега двата тима имаат по 14 бодови по осум одиграни средби.

Табела: МЗТ Скопје А. 18 (8 одиграни натпревари), Работнички 14 бодови (8), Куманово 13 (8), Фени Индустри 13 (8), Карпош Соколи 13 (8), Кожув 12 (8), Струмица 11 (8), Гоце Делчев 9 (8) и Водњански Лисици 8 (8).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос