Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Од:

Фудбалерите на Динамо Загреб загубија како гости против последнопласираниот Славен Белуп со 1:4 во седмото коло од хрватската лига.

Динамо поведе со голот на Бруно Петковиќ во 32. минута.

Израмнувачкиот гол за Славен Белупо го постигна Љубан Црепулја во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Адријан Либер им донесе предност на домашните со гол во 67. минута.

Водството го зголеми Иван Долчек со гол во 74. минута, а конечниот резултат го постави Илија Несторовски три минути подоцна.

Динамо ги освои последните седум титули во хрватското првенство, додека ова е нивни трет пораз во низа, по дербито со 1:0 од Сплитскиот Хајдук и убедливиот пораз од 9:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Тренерот на Динамо Сергеј Јакировиќ беше сменет по поразот од Баерн, додека тимот на денешниот натпревар го предводеше Сандро Перковиќ.

Динамо е на третото место на табелата со 13 бодови, додека Славен Белупо со оваа победа стигна до претпоследното место на табелата со четири бода.

Динамо во следното коло ја пречекува Локомотива, додека Славен Белупо гостува кај Горица.

Динамо пред натпреварот со Локомотив ќе му гостува на Бањоле во Купот на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Елиминиран и Медведев во Мелбурн

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

Откажан Австралија опен

Хуманитарна акција на Mozzart за крајот на годината – Донација на Здружението „Вера” од Струмица во соработка со Горан Пандев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ