Нова афера на француски фудбалери со малолетна проститутка

Од:

Француското Јавно обвинителство започна прелиминарна истрага за користење на услуги на малолетна проститука, откако пред неколку дена во Париз беше уапсена една 16-годишна девојка, која од време на време работела како „придружничка“.

Во телефонскиот именик во мобилниот телефон на девојката се пронајдени телефонските броеви на повеќе фудбалери, меѓу кои и на интернационалецот Јан М’Вила, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова не е првпат имиња на француски фудбалери да се најдат во афера на проституција во која биле вклучени и малолетнички. Се уште се свежи сеќавањата за аферата Захија, која избувна неколку месеци пред Светското првенство во 2010 година. Захија, тогаш на 16-годишна возраст им нудела сексуални услуги на Франк Рибери и Карим Бензема.

Рибери го призна делото, но тврди дека не знаел оти девојката била малолетна, додека Бензема вели дека немал сексуални односи со Захија. Двајцата фудбалери треба наскоро да се појават пред Судот во Париз, додека Захија започна кариера во високата мода.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано