Во конкуренција на девет држави и 450 натпреварувачи на меѓународниот турнир во Требиње, Босна и Херцеговина, кочанскиот џудо клуб „Гладијатор 2016“ повторно освои златен медал.
Медалот го донесе натпреварувачката од косовскиот џудо клуб Резарта Алими. Таа се натпреваруваше во категорија до 13 години и тежина до 52 килограми. Тренерот изрази задоволство од постигнатиот резултат со оглед на тоа што ова е втор златен медал за краток период.
– Резарта го потврди нејзиниот успех и резултат кој што беше во Словачка и сега се подготвуваме за државното првенство што ќе се одржи на 19 март во Прилеп, а потоа продолжуваме за Албанија, каде очекувам освојување на златен медал на балканско ниво, изјави Драган Шеќероски, тренер на џудо клубот „Гладијатор 2016“ Кочани.
Шеќероски рече дека кочанскиот и косовскиот клуб се презадоволни од натпреварувачката бидејќи, како што рекоа, Алими е еден добар и сериозен натпреварувач за освојување на балкански медал.
Освен државното првенство за пионери кое што ќе се одржи на 19 март, на 25 март повторно ги очекува меѓународен турнир во Словачка.