Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Од:

Џудо Федерацијата на Северна Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе се даде научна поддршка за реализација на развојната програма на федерација.

Со научната и експертска поддршка од Факултетот ќе се овозможи едукација на кадрите, како и подигање на нивото на знаење и вештини кај членството на Федерацијата.

„Дел од развојната програм на Федерацијата е вклучување на институции и стручни лица од повеќе области кои можат да помогнат во развојот и унапредувањето на џудото во Македонија, и тој план започнува да се реализиран токму со овој Меморандум, како прв и многу значаен чекор. Џудото како спорт има перспектива во Македонија и работата на Федерацијата само ги потврдува капацитетите, кои што треба да ги стимулираме и да создадеме простор за уште поголема експанзија. Преку оваа соработка со Факултетот за физичко образование, нашето членство ќе добие значајна помош и стручна поддршка”, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Северна Македонија.

За исполнување на целите на соработката, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе изготвува и реализира истражувачки проекти поврзани со џудо спортот, како и тестирања за антрополошкиот статус на џудистите од различни возрасни категории со препораки за подобрување на нивниот развој. Токму тоа ќе даде голем придонес во институционализирање и професионализирање на џудото како спорт.

– Унапредувањето на џудо културата и спортот во Македонија е од големо значење за секого, пред се заради големиот интерес и потенцијал што постои во Македонија. Федерацијата прави многу за популаризација на овој спорт и тоа преку едукацијата за џудото, па токму во таа насока е и оваа соработка, само подигнато на повисоко ниво, истакна проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Ана Ололовска

Во Прилеп се одржа Меѓународен турнир во џудо во пресрет

Ана Ололовска