Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Од:

Џудо федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и додели награда почесен црн појас 1 дан.

– Признанието се доделува за 4-годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо спортот во Македонија.
Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, соопштија од федерацијата.

Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија.

Истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.

Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Ана Ололовска

Во Прилеп се одржа Меѓународен турнир во џудо во пресрет

Ана Ололовска