Ракометарите на Охрид и по втор пат се убедливо поразени во дуелот со Порто, со што го завршија својот настап во ЕХФ Купот.
Откако на вчерашната прва средба, португалскиот тим славеше со 37:20, денеска разликата беше уште поголема. Охриѓани го загубија денешниот меч со 18 голови разлика, односно конечни 44-26, откако првото полувреме заврши со резултат 25-13.
Со тоа македонскиот претставник неславно го заврши својот настап уште во првото коло во ЕХФ Купот.