ЕХФ: Битолски Еурофарм Работник поразен од Хановер со три голови разлика

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија со 24:21 во првиот натпревар од групната фаза во ЕХФ купот.

Во германскиот град Хановер, иако битолчани беа поразени од истоимената екипа, сепак оставија солиден впечаток. Во поголемиот дел од натпреварот беа рамноправен противник. Во 14 минута резултатот беше 8:8, а на полувреме германскиот претставник замина со два голови предност (16:14).

Во второто полувреме, 4.500 гледачи следеа слична игра во која кај домаќините се истакнаа интернационалците Брозовиќ од Хрватска и голманот Лесјак кој не дозволи изненадување. Битолчани, преводени од репрезентативците Филип Кузмановски и Филип Чурлевски на 3 минути до крајот од средбата имаа неколку можности да израмнат при резултат 22:21, но сепак германскиот бундеслигаш заслужено дојде до бодовите победувајќи со 24:21.

Натпреварот беше фер и коректен, со мал број исклучувања, а го водеа израелските судии Ленделбал и Ларон.

Следниот викенд во Битола, ракометарите на Еурофарм Работник во рамки на второто коло од ЕХФ-купот, ќе го пречекаат унгарскиот прволигаш Татабања чии ракометари на домашен терен загубија од хрватски Нексе.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија заврши шеста на ЕХФ-шампионатот

Татјана Ташкова

Алушоски пред мечот со Хановер: Имаат доста повредени ракометари, тука е нашата шанса

Ана Ололовска

Алушовски: Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице

Втор пораз за Еурофарм Работник во ЕХФ купот

Ракометарите на Еурофарм Работник подготвени за прва ЕХФ победа

Еурофарм ги доби противниците во групата од ЕХФ купот

Наум Локоски