Двајцата најдобри македонски тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул имаат скок на најновата АТП листата.
Јотовски со 57 поени е на 552. место што е повторно негов најдобар ранг. Тој има скок од три позиции.
Димитар Грабул се наоѓа на 637 место со 41 поен и има скок од шест места.
Другите тројца македонски тенисери кои имаат ранг имаат пад на ранг листата:
Шендрит Деари – 1.213 место (-11);
Стефан Мицов – 1.279 (-5);
Бесир Дургути – 1.292 (-7).