Возачот на Мекларен, Ландо Норис е казнет за непочитување на жолтите знамиња во квалификациите за Големата награда на Турција и ќе стартува пет позиции поназад од оствареното време.
Исто така поместување назад ќе има и другиот пилот на Мекларен, Карлос Сајнс, поради задржување на Серхио Перез.
Така, Сајнс ќе биде на 15. додека Норис на 16. почетна позиција.
Трката од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Турција ќе се одржи денес, со почеток во 11:10 часот.