Ночиони го засилува Реал Мадрид

Од:

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид во следните две сезони во своите редови ќе го има искусниот Аргентинец Андрес Ночиони.

Веста за новото засилување на „кралскиот клуб“ ја пренесе шпанска „Марка“. 34-годишниот играч ќе треба со своето искуство да помогне Реал конечно да ја освои титулата во Евролигата. Следната сезона „фајнл фор“ турнирот ќе се одржи во Мадрид што треба да претставува мала предност за Реал Мадрид.

Ночиони во својата кариера во Шпанија има настапувано во Тау Керамика и во Лаборал, од каде дојде во Мадрид. Аргентинецот има и неколкугодишно НБА искуство: Чикаго (пет сезони), Сакраменто (една сезона) и Филаделфија (две сезони).

Со репрезентацијата на Аргентина има освоено златен медал на Олимписките игри во Атина 2004 година, бронза на Игрите во Пекинг 2008, сребро на Светското првенство 2002 година и две злата (2001 и 2011) на шампионатот на ФИБА Америка.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос