Њукасл ги замоли навивачите да не се облекуваат во арапски стил

Од:

Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Њукасл, кој претходно овој месец доби сопственици од Саудиска Арабија, ги повика своите навивачи да не доаѓаат на натпреварите облечени во арапски стил, бидејќи тоа би можело да ги навреди другите приврзаници на клубот.

Реакцијата на клубот уследи откако на неделниот натпревар против Тотенхем на трибините можеа да се забележат навивачи на Њукасл, кои носеа традиционална арапска облека во знак на задоволство од преминувањето на клубот во рацете на новите сопственици.

– Гестот е симпатичен и позитивно прифатен, но останува можноста дека таквото облекување е културно несоодветно и ризикува да ги навреди другите луѓе. Ги повикуваме навивачите на клубот да носат сè што е нормално за нивната култура и вера, соопшти клупското раководство.

Њукасл по преземањето од страна на Саудијците стана најбогат клуб во светот, а во Премиерлигата моментно е на претпоследното место што денеска доведе до смена на тренерот Стив Брус.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Сити извлече само бод против Њукасл

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот