Јапонскиот селектор Акира Нишино беше многу разочаран по синоќешниот пораз од Белгија во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Русија.
Јапонија до 20 минути пред крајот водеше со 2:0, но не издржа и прими три гола од кој последниот во самиот финиш од мечот.
– Многу сум разочаран. Имавме водство, но не успеавме. Се чинеше како малку да ни фали. Можеби јас донесов погрешни одлуки и тактика. Едноставно не можевме да ги запреме во последните дваесетина минути. Не бевме доволно вешти, потенцира Нишино.
Во четвртфиналето Белгија ќе игра со Бразил.