Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори го освои АТП турнирот во Куала Лумпур, Малезија.
Во финалето Јапонецот беше поуспешен од Жилиен Бенето (Франција) со 2-0, по сетови 7:6 и 6:4.
Со шестата титула во кариерата и трета годинашна Нишикори е се поблиску до пласман на завршниот турнир во Лондон кој ќе се игра во Ноември. Таму учество веќе обезбедија Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Од друга страна, Французинот не успеа ниту во десеттото АТП финале да забележи победа и се уште е без трофеј од поголемите турнири.