Нишикори го победи Бердих

Од:

Кеи Нишикори славеше со 2:1 над Томаш Бердих во првиот натпревар од второто коло на завршниот АТП шампионатот што се игра во Лондон. Со оваа победа јапонскиот тенисер си ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

Нишикори го доби првиот сет со 7:5, а веднаш на почетокот од вториот сет направи брејк и поведе со 2:0 во тој момент се чинеше дека мечот набрзина ќе биде решен. Сепак, проблемите со сервисот на Јапонецот му овозможија на Бердих да се врати и со пресврт го доби вториот сет со 6:3. Третиот сет беше изедначен до 3-3, кога Нишикори направи брејк и освои три гема во серија со што стигна до посакуваната победа.

Јапонскиот тенисер во клучниот меч за полуфинале во третото коло ќе се сретне со Роже Федерер, додека Бердих својот настап ќе го заокружи со меч против првиот фаворит Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров