Јапонската автомобилска компанија „Нисан“ ќе повлече 910.000 возила од пазарот, поради грешка кај вградените сензори за забрзување, која може да предизвика забавување, па дури и гаснење на моторот.
Ќе се повлечат моделите: „серена миниван“, луксузниот модел „инфинити М“ и теренскиот автомобил „X-trai“, произведени меѓу октомври 2004 и јуни оваа година.
Според она што го предвидува компанијата, најмногу возила или 765.000 ќе бидат повлечени од Јапонија, 100 илјади во Северна Америка, а останатите во Океанија, Европа, Средниот исток и во Азија.