Раководството на Американската фудбалска лига (НФЛ) донесе одлука да не ги санкционира играчите кои нема да стојат при интонирањето на националната химна.
Комесарот на лигата Роџер Гудел им препорача на играчите да стоечки да ја проследат химната, но соопшти дека нема да има казни за тие кои то анема да го сторат.
– Сметаме дека сите треба да стојат додека се интонира химната. Тоа е важен дел од нашата политика. Меѓутоа, има играчи кои се изјаснија дека не значи напочитување на америкаснкот знаме ако не стојат на химната, туку тоа е нивен протест против дискриминаторската политика на претседателот Трамп, изјави Гудел.
Протестите со клекнување во текот на интонирање на химната ги започна Колин Каперник минатата сезона, а потоа му се придружија други играчи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп за најновата одлука на раководствот на НФЛ се огласи преку Твитер истакнувајќи дека потегот за неказнување за нестоење при интонирање на химната значи големо непочитување кон замејата.