Несреќен пораз за Грабул од првиот носител Жижуно

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул не успеа да направи изненадување и во четвртфиналето загуби од првиот носител Белгиецот Жермен Жижуно со 2:1 во сетови.

Во мечот беа одиграни 34 гема, а белгискиот тенисер беше поуспешен, пред се, поради подобрата реализација на брејк топките. Првиот сет му припадна на Жижуно со 6:3 во гемови. Во вториот сет Грабул успеа да се избори за изедначување откако го доби тај брекот со 8:6 на поени.

Решавачкиот сет Грабул почна добро и поведе со 2:0 во гемови со направен брејк. Таа предност ја имаше нашиот тенисер се до 4:3, потоа Жижуно направи брејк за 4:4. Грабул веднаш возврати за ново водство од 5:4, но тука „застана“ и не освои повеќе ниту еден гем, а противникот со серија од три гема го доби мечот.

Грабул за пласманот во четвртфиналето ќе освои два поена.

Следната недела Грабул ќе настапува на фјучрсот во Де Пане, Белгија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров