Нема опасност за стартот на сезоната во Формула 1

Од:

Сезоната во Формула 1 ќе започне според планираното, катеорични се организаторите на Австралија и покрај епидемијата на коронавирус.

Како што е познато, Големата награда на Кина е одложена, а откажани се и други спортски настани, вклучувајќи ги и моторните трки во Катар и Тајланд, предизвикувајќи загриженост дека кампањата може да не започне како што е предвидено на 15 март.

„Ние работиме по план и сме целосно подготвени да ја организираме по 25-ти пат трката во Мелбурн следната недела. Очекуваме тимовите да пристигнат во наредните денови и со нетрпение очекуваме да ги отвориме вратите пред гледачите на 12 март. Ние тесно соработуваме со здравствените агенции и надлежните служби и внимателно ја следиме ситуацијата. Нема индикации за нови забрани за патувања во оваа фаза, и за тоа дека некои од тимовите во Формула 1 нема да можат да пристигнат навреме“, рече извршниот директор на австралиското ГП, Ендру Вестакот.

По трката во Австралија на 15-ти март, треба да се одржи Гран-при на Бахреин, по што екипите ќе се упатат кон Виетнам за првата трка во земјата на 5 април.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес