Претставници на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) и УЛЕБ не успеаја да постигнат договорат, за разликите со кои се судруваат овие две кошаркарски организации, па санкциите кои ги изрече ФИБА, а се однесуваат на десетина европски сениорски репрезентации остануваат во сила.
Претставниците на двете страни, во присуство на челниците на евролигашките екипи, Фенербахче, Реал Мадрид, Макаби и Олимпијакос, на четири часовната средба во Минхен не успеаја да ги „испеглаат“ разликите.
УЛЕБ предложи клубовите без страв од која било страна да имаат слобода при изборот во кое натпреварување ќе учествуваат, да бидат зголемени ингеренциите на ФИБА во рамките на Евролигата низ новата структура на контролата на донесувањето на правилата на игра, трансферите, допинг контролите и санкциите, но ФИБА ни тоа не го прифати. Претставниците на светската федерација едноставно инсистираат да не постои Еврокупот на УЛЕБ, а кошаркарските федерации чии клубови ќе учествуваат во него, да бидат суспендирани.
Како последица на ова, остануваат на сила привремената суспензија за 14 федерации, меѓу кои и македонската, а кои можат да се одразат на настапите на репрезентациите на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и стартот на квалификациите за Европското првенство идната година.