Бугаринот Кубарт Пулев поради повреда нема да излезе на долго најавуваниот боксерски дуел со Ентони Џошуа. Местото на Пулев ќе го заземе Карлос Такам.
Покрај пропуштена шанса да го предизвика шампионот Џошуа, Пулев со откажувањето на мечот ќе има сериозни финансиски средства и повеќе нема да биде кандидат за титулата.
– Тој ја загуби својата задолжителна позиција како претендент за титулата. Пропушти и неверојатна шанса да заработи многу пари, изјави боксерскиот менаџер Еди Херн.
Претходно Херн соопшти дека Пулев сакал и повреден да излезе на мегдан со Џошуа, но додаде дека тоа би било погубно за него.
Повлекувањето на Пулев од мечот со Џошуа предизвика големо разочарување кај љубителите на боксот во Бугарија.