Нејмар: Уморен сум од злонамерните медиуми

Од:

Бразилската ѕвезда Нејмар реагира на најновите вести по негова адреса. Тие велат дека во неговиот договор со ПСЖ постојат многу привилегии.

Една од нив е дека тој добива 375.000 евра годишно за да аплаудира кон навивачите на тимот по натпреварите. Уште еден бонус му гарантира 2,5 милиони евра годишно ако не ги критикува одлуките на тренерот Томас Тухел.

Најскапиот фудбалер во историјата ги негираше овие работи во социјалните мрежи: „Дури не знам што е полошо – изворот или оние кои реагираат на тоа. Еден куп лошо информирани идиоти. Уморен сум од злонамернитемедиуми. Благодарам Господи, за сето трпение кои ми го даваш“.

Според информациите, ПСЖ плаќа за слични клаузули уште на Дани Алвеш, Тиаго Силва, Анхел Ди Марија, Килијан Мбапе и Единсон Кавани.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ