Нејмар станува глобален амбасадор на Националната Банка на Катар

Од:

Менаџментот на Пари Сен Жермен прави сé што е потребно за да осигура дека Нејмар и Килијан Мбапе остануваат во тимот.

Францускиот клуб е загрижен за шпекулациите за иднината на двајцата играчи, како и за истрагите на УЕФА. Парижаните се еден од посочените клубови, кои не го почитуваат финансискиот ферплеј.

Уште еден доказ дека ПСЖ прави сé што може за да ги задржи своите ѕвезди на „Парк де Пренс“ е договорот меѓу Националната Банка на Катар и Нејмар, кој ќе биде нејзин глобален амбасадор.

На тој начин ПСЖ покажа колку е важен Бразилецот за клупскиот проект.

Пари Сен Жермен е во сопственост на катарското кралско семејство преку компанијата „Катар Спорт Инвестментс“. Банката исто така е контролирана од кралското семејство.

Како дел од договорот, Нејмар ќе се појавува во рекламните кампањи на банката и ќе користи различни бенефиции. Токму Катарската национална банка го финансираше рекордниот трансфер на бразилскиот напаѓач од Барселона во ПСЖ во текот на летото на 2017 година за 222 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените