Бразилецот Нејмар оствари историско достгнување во француската Лига 1. Тој синоќа на дуелот со Бордо (2:2) од 15.коло беше стрелец на првиот гол за парижаните. Ова беше негов 30-ти погодок на 32 натпревара од првенството во Франција.
Така, бразилскиот репрезентативец со 0,93 голови по натпревар е најдобар од сите играчи кои настапиле во Лига 1 во изминатите 45 години.
Нејмар се пресели во ПСЖ од Барселона за рекорден износ од 222 милиони евра. Досега одигра 47 средби во сите натпреварување, постигна 42 гола и оствари 23 асистенции.