Фудбалерот на ПСЖ, Маркињос смета дека Нејмар го минува најдобриот период откако е дојден во клубот. Според него, напаѓачот ги надмина тешкотии со кои се соочуваш по доаѓањето во Париз.
– Мислам дека Нејмар го доживува својот најдобар период во ПСЖ. Тој е многу важен за тимот, прави големи работи. Одличен е во нападот, а кога е потребно помага и во одбраната. Зад него е година на адаптација. Знаеме дека по трансферот од Барселона му беше многу тешко да го научи јазикот, да изгради врски во нов тим. Сега ја минува втора година и е среќен. Тоа се гледа и на теренот, истакна Маркињос.
Нејмар во ПСЖ дојде од Барселона за рекордни 222 милиони евра.