Неизвесно одржувањето на Ф1 трката во Кина поради коронавирус

Од:

Спортските власти во Шангај препорачаа прекинување на сите спортски настани во градот заради епидемијата на коронавирус, што дополнително го доведе во прашање одржувањето на Гран-при на Кина во Формула 1.

Четвртата трка за сезоната е закажана за 19 април во Шангај и за можноста за спроведување на трката ќе се разговара од страна на шефовите на Формула 1 следната недела, откако се појавија информации дека тие ќе се приклучат на другите одложени спортски настани.

Спортската федерација на Шангај им нареди на сите спортски единици да ги откажат сите спортски настани сè додека заканата не исчезне и да „формулираат план за превенција од епидемија со цел спречување на ширење на заразата“.

„Организациите треба да воспостават дневен режим на хигиена и да ја засилат здравствената обука за да ги поттикнат работниците да останат безбедни“, се додава во соопштението.

Епидемијата веќе зафати повеќе спортски настани во Кина.

Тука се вклучени Светски шампионат во атлетика Нанџинг во затворено од 13-15 март, што беше одложено за следната година. Формула Е ги откажа нивните планови да се натпреваруваат во Сања следниот месец. Квалификациските турнири за Токио во кошарка, бадминтон и бокс, исто така, беа одложени, изменети или преместени, додека турнирот во голф од страна на Женската асоцијација беше преместен во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес