Неизвесен настапот на Надал на УС Опен

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда на зглобот на раката ќе ги пропушти турнирите во Торонто и Сенсинати, а под знак прашалник е и неговиот настап на УС Опен.

Шпанецот ја повреди раката на тренинг и по консултации со лекарскиот тим одлучено е да направи дваесетдневна пауза.

– Се повредив, а по направените прегледи во Шпанија донесена е одлука да направам пауза, изјави Надал.

Грен слемот УС Опен во Њујорк почнува на 25 август, а претходно се АТП турнирите во Торонто и Сенсинати на кои шпанскиот тенисер нема да ги брани трофеите освоени минатата година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров