Екипите на Мајами и на Сан Антонио со победи ги почнаа полуфиналните серии во конференциите против Бруклин односно Портланд.
Првакот Мајами славеше со 107:86 , а најпрецизен на дуелот беше Леброн Џејмс со 22 поена. Во регуларниот дел од сезоната Бруклин имаше победи на сите четири натпревари против Мајами.
Сан Антонио предводен од Тони Паркер го победи Портланд со 116:92. Ова за Паркер беше втор натпревар по ред со постигнати 30 и повеќе поени. Французинот во дресот на Сан Антонио постигна 33 поени, а кај Портланд Ла Маркус Олдриџ реализираше 32 поена.
Вечерва се играат дуелите: Индијана – Вашингтон (0-1 во победи) и Оклахома Сити – ЛА Клиперс (0-1).