НБА планира да организира тренинзи за тимови кои не се натпреваруваат по рестартот на сезоната

Од:

Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, планира да организира тренинг сесии за осум екипи кои не учествуваат во рестартирањето на сезоната во Орландо, објави „ЕСПН“.

Според предвиденото, ќе се започне со една недела тренинг на домашните бази во текот на втората недела од август, по што ќе следат две недели групна обука организирана од два клуба кои не учествуваат во рестартирање на сезоната. Вториот сегмент ќе биде можен само со одобрување на синдикатот на играчите.

Сезоната 2019/20 ќе продолжи на 30 јули во Орландо со 22 екипи.

Голден стејт, Минесота, Шарлот, Чикаго, Њујорк, Детроит, Атланта и Кливленд не заминаа во спортскиот комплекс „Дизни Ворлд“ и токму овие осум екипи ќе бидат дел од тренинг-сесиите на НБА.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он