НБА лигата изготви план за продолжување на тренинзите по 8 мај

Од:

Директорите на НБА лигата подготвија план за обнова на тренинзите на играчите по 8 мај. Датумот може да се промени во зависност од состојбата со пандемијата на коронавирус во САД и Канада.

Заедничките активности на тимот ќе останат забранети, а најмногу четири кошаркари ќе имаат дозволена работа во исто време, додека одржуваат физичка дистанца. Тренерите нема да можат да присуствуваат на активности, а на играчите ќе им биде дозволено да тренираат во спортски сали на нивните клубови.

Сезоната во НБА лигата беше прекината на 11 март, откако центарот на Јута, Рудо Гоберт, беше позитивен на тестирањето на коронавирус. Една недела подоцна, раководството на лигата ги затвори базите на клубовите.

Сè уште не е јасно кога и дали ќе продолжи сезоната 2019/20 во најсилната кошаркарска лига на светот.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он