НБА ќе изгуби огромна сума ако сезоната биде откажана

Од:

Националната кошаркарска асоцијација веќе беше лошо погодена поради сопирање на сезоната, но ова е само почеток. Доколку Лигата ја откаже последната фаза од сезоната и не се игра плеј-офот, загубата ќе изнесува приближно 900 милиони американски долари од ТВ правата, информира „Атлетик“.

Ова не вклучува приходи што ќе се изгубат од трансакциите со локалните телевизии, доколку не се продолжи со редовната сезона. Регионалните спортски мрежи имаат право да емитуваат најмалку 70 натпревари во нивните договори со НБА, но повеќето тимови сè уште не ги достигнале.

Неодамнешната анализа покажа дека 40 проценти од приходите во НБА лигата доаѓаат од навивачите кои одат на натпревари. Без нив, единствениот најголем извор на приход е телевизијата. Тие се движечка сила зад потенцијалното рестартирање на сезоната од финансиски аспект.

Губењето на плеј-офот ќе биде погубно за финансиите на Лигата, додаваат од американското издание.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он