Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, е позитивен на коронавирус и ќе ги пропушти следните неколку натпревари на лидерот на Истокот во НБА лигата.
Четирикратниот учесник на Ол-стар натпреварите денеска бил тестиран позитивен на Ковид-19 и тој е веќе четвртиот кошаркар на Филаделфија, кој е под епидемиолошки протоколи, по Тобијас Харис, Матис Тибул и Ајзеа Џо.
Филаделфија е лидер во Источната конференција со ефект од осум победи и два порази, а Ембид е нивниот најдобар кошаркар сезонава со просек од 21.4 поени, 9.4 скокови и 4 асистенции по натпревар.